Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска, ќе биде прикажан на 28 март на 43-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Хонгконг, на 3 април во престижниот Музеј на модерна уметност (MoMA) во Њујорк, а на 8 април ќе ја има својата официјална европска премиера на филмскиот фестивал „Визионс ду реел“ во Нион, Швајцарија.

На 9 април е закажана проекција на филмот на отворањето на фестивалот „Магнифисент 7“ во Белград, а на 13 април следува гостување во Лондон, во рамките на „Рамки на репрезентација“ во Институтот за современи уметности на Велика Британија.