„Медена земја“, документарниот филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е добитник на наградата „Бест Интернешнал Филм“ на 21. издание на Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Тел Авив, DOCAVIV.

Наградата беше врачена вчера на двајцата режисери на наградната церемонија која се одржа во Тел Авив.

Стручното жири кое едногласно одлучи да го награди филмот со оваа висока награда во својата екпликација ја истакнува неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството и оди уште подалеку станувајки фасцинанетен портрет на една извонредна жена. Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човековото постоење во неговата длабока поврзаност со природата.

Од животот на главниот лик во филмот, Хатиџе Муратова која веројатно е последната пчеларка во Европа која сè уште го извлекува медот од природни колонии и се труди да не го наруши природниот баланс со човечката ненаситност, бидејќи ако еден го скрши правилото сите ја плаќаат цената, умешноста на фимската екипа успева на визуелно раскошен начин да ја покаже нејзината магична виталност и бескраен отимизам во секојдневните борби со предизвиците кои произлегуваат од „надворешниот“ свет.

Филмот, покрај другите награди имаше голем триумф на фестивалот „Санденс“ каде освои три награди, „Награда од жирито за најдобар документарен филм“, „Награда за најдобра кинематографија“ и „Специјална награда за влијанието врз промените во општеството“.

„Медена земја“ е финансиски подржан од Агенција за филм.