Четириесет и седмите Мајски оперски вечери беа отворени со звуците на „Триумфалниот марш“ од „Аида“ и со палење на фестивалскиот оган, вечерва во Националната опера и балет.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев го прогласи фестивалот за отворен. 

Мајските оперски вечери секоја година традиционално се затвораат со „Аида“ на 31 мај, а годинава фестивалот и почнува со популарната Вердиева опера.

Модерната продукција, со 3Д-проекции на сцената, е на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. За двете изведби има две екипи – домашна и интернационална. 

Во рамките на фестивалот ќе бидат изведени шест оперски и една балетска претстава, до крајот на месецов.