1001 книга што мора да ги прочитате

Автор: Маргарет Атвуд родена 1939 г.)
Прва објава: 1988 г.„Меклиланд и Стјуарт“, Торонто
Прва англиска објава: „Блусмбери“, 1989 г., Лондон

„Ако ја сретнам Корделија повторно, што би ѝ кажал за себе? Вистината, или она што би ме прикажало во убаво светло? Веројатно второто. И сега имам таква потреба“…
Враќајќи се во градот на младоста, Елена Ризли, сега сликарка, е преплавена со живописни слики од минатото. Најсилен од сѐ е споменот на Корделија, девојката што била предводничка на трите другарки од детството, која ѝ ги открила суровоста и тајните светови на пријателството, копнежот и предавството. Елена мора да си го најде своето место како ќерка, љубовница, уметница и сопруга, но пред сѐ мора да се обиде да се ослободи од споменот на Корделија што ја прогонува.
„Мачје око“ е фасцинантен модерен роман за жена што се бори да ги разврзе јазлите на својот живот. Овој брилијантен тродимензионален мозаик – приказна за детството на Елена, е толку реален и трогателен што откако ќе го прочитате само сакате да станете и да аплаудирате. Критиката ја смета за најдобрата книга напишана во последните децении за женското пријателство. Романот е впечатливо, на моменти смешно, понекогаш сериозно дело што блеска со животни вистини и мудрост.
Маргарет Атвуд е канадска поетеса, романсиерка, книжевна критичарка, есеистка и активистка. Магистрирала на „Харвард“ во САД. Предавала на повеќе универзитети. Ги има добиено највисоките книжевни награди во Канада. Добитничка е на францускиот орден Легија на честа. Последниве години нејзиното име влезе во сечиј дом, преку филмската адаптација на нејзиниот роман „Приказната на робинката“. Романот првпат е објавен во 1985 година, а фактот што и денес сѐ уште е актуелен и соодветен за екранизирана верзија зборува за универзалноста на темата, правата на жените за кои, сосема парадоксално, сѐ уште зборуваме во 21 век.