На македонскиот филмски режисер Милчо Манчевски му е доделена наградата „истерн стар“ за достигнувањата во областа на кинематографијата, на 30-годишнината на Mеѓународниот филмски фестивал во Трст, Италија, кој заврши вчера. Во чест на Манчевски е организирана проекција на неговиот најнаградуван филм „Пред дождот“, а тој изјавил дека бил изненаден од врачувањето на наградата, бидејќи било најавено само прикажување на филмот, а тој бил поканет како почесен гостин на фестивалот. Досегашни добитници на „истерн стар“ се Моника Белучи, Ирен Жакоб и Раде Шербеџија.