Краткометражниот игран филм „Сонот за крвта и душата“ ја освои наградата за најдобар интернационален краток хорор филм на шестиот „Финдекоин“, интернационален независен филмски фестивал за краток и игран филм „Д деј ис шорт“ во Венецуела.

Во најтесен избор во категоријата за најдобар интернационален краток хорор филм беа одбрани пет филма.

Режијата е на Игор Алексов, a сценариото го напиша Александар Русјаков.

Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Јордан Симонив, Нина Деан и Ана Стојановска. Директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценографијата ја изработи Влатко Зафирковски, костимите се на Раде Василев, а маската е на Горан Игњатовски.

Филмот е во продукција на Квазар филм“.