Изложбата „Жени за жени“ е вовед во двегодишно истражување на практиките и териториите на уметниците на Западен Балкан. Обединува дваесет и пет визуелни уметници од Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и од Македонија. Учесници од Македонија се уметниците: Марија Милошевска, Ана Лазаревска, Тања Балаќ, Христина Зафировска и Шќипе Мехмети.
Досега, во периодот од 10 јануари, изложбата ги посети Белград, Подгорица, Самобор, Ајдовчина, за да стигне до Скопје. Изложбата може да се посети од денеска до 30 мај, во Национална галерија, објект „Мала станица“.
Зафировска го претставува објектот „Жени“ од 2014 година, Мехмети – „Молк“, дело во комбинирана техника од 2018 година, Милошевска – „Ад инфинитум“, фотографија од 2020 година, Балаќ учествува со видеото „Меморабилиа“ од 2019 година, а Лазаревска со објектот „Која си ти“ од 2020 година.
Оваа изложба е дел од проектот „Подемот на жените во културата на Западен Балкан“, поддржан од Европската Унија, а се спроведува од „Феномена“ (Србија), „Спес“ (Црна Гора), „Беоарт контемпорари“ (Србија), „Удруга призма“ (Хрватска), „Сенсус“ (Македонија) и Локаријева галерија (Словенија).