Македонските уметници Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска Саздовска се дел од проект на УНЕСКО во кој е претставена креативноста на над 250 уметници претставници на 120 земји, кои со својата уметност великодушно се борат против ковид-19. Сите тие нудат свои креативни решенија на маски за заштита на лицето, кои ќе бидат претставени на групна изложба во Бејрут, Либан. Овој настан од светска класа има цел да ја унапреди глобалната свест за социјална одговорност преку охрабрување на луѓето да носат маски, не како обврска, туку надвор од убедувањето дека е една од најдобрите мерки за заштита. Борбата против ковид-19 имаше свои медицински херои, но ова се херои уметници што доброволно одговорија на овој предизвик во сопствената лична борба против оваа пандемија и нејзините социјални и културни закани.

– Исак Њутн, Вилијам Шекспир, Винсент ван Гог го достигнале својот врв на креативност кога биле во самоизолација. Овој проект, под покровителство на канцеларијата на УНЕСКО во Бејрут е сведоштво дека историјата се повторува. Светскиот ден за културна разноликост за дијалог и развој го слави не само богатството на светските култури туку и суштинската улога на меѓукултурниот дијалог за постигнување мир и одржлив развој. Денот е повод за промовирање на културата и за истакнување на важноста на неговата разновидност како агент за вклучување и позитивни промени. Тој претставува можност да се слават повеќекратните форми на културата, од материјалните и нематеријалните, креативните индустрии, до разновидноста на културните изрази и да се размисли за тоа како тие придонесуваат за дијалог, заемно разбирање и социјални, еколошки и економски вектори на одржливи развој – се вели во соопштението од УНЕСКО.

Оваа година, денот се слави под посебни околности, како резултат на избувнување на пандемијата на ковид-19, која се претвори во голема криза што влијае на широк спектар сектори, од здравството до образованиот сектор. Секое затворање за краток временски период во четири sида е стресно искуство. Присилното заклучување и неговите последици станаа очигледни низ целиот свет со променливо ниво на влијание на национално, но и на меѓународно ниво.
– Годинашниот Светски ден за културна разноликост за дијалог и развој доаѓа во време на неизвесност и вознемиреност. За многумина, затворањето на јавни места и културни институции доведе до стегање на културниот простор и зголемена изолација. За среќа, техничките средства што ги имаме на располагање денес им овозможуваат на оние што се во можност да имаат корист од нив да ја надоместат теснотијата на затворените простори. Така, видовме палета иницијативи, кои го обновија интересот за културни практики низ светот и го истакнаа нивното на изобилство и богатство.

Со координирана акција, оригинални иницијативи и креативност, ова наметнато прекинување на времето овозможи да се види што е едно од богатствата на човештвото: нашата разновидност – вели Одри Азулај, генерален директор на УНЕСКО.
Канцеларијата на УНЕСКО во Бејрут заедно со невладината организација МЕАДОВС, им пристапи на уметниците низ светот и ги покани да го преземат предизвикот за користење на визуелните уметности како моќна алатка, која влијае на релевантните глобални проблеми преку меѓукултурниот дијалог. Концептот создаден од Лена Келекијан, претседателка и основачка на МЕАДОВС, доведе до иницирање на креативноста на проектот „Уметноста на маските“ под закрила и покровителство на канцеларијата на УНЕСКО во Бејрут, под темата „Уметниците и УНЕСКО против ковид-19“. Идејата беше преточена во полноправен проект во рамките на престижната програма на УНЕСКО – „Уметниците и креативноста над кризата“.

– Во овие погодени времиња, при ублажување на техничките и проблемите со интернетот, тешкотиите поради физичкото растојание и заклучувањето, беше воспоставена комуникација со сите регионални и национални претставници, мобилизирајќи го секој волонтерски ресурс за трансформација на медицинските маски што всадија страв, како што се строгите потсетници за непосредна опасност од инфекција, во платна со силни креации на уметници и нивна лична реакција на оваа пандемиска криза. Одговорите беа многу креативни. Во некои случаи можеме да најдеме мрачни изрази на страв од непознатото, но најчесто тие се изрази на надеж и желба за подобро и поинакво утре. Во рамките на краток временски рок од три седмици, наместо потребните три месеци, УНЕСКО во Бејрут и МЕАДОВС поминаа низ процесот на селекција, надминувајќи ги јазичните бариери и културните разлики помеѓу уметниците од целиот континент – се вели во објаснувањето на проектот.