Македонскиот „Еклер“ најдобар на „Прифест“

Македонскиот краток филм „Еклер“, по сценарио и режија на Марко Ѓоковиќ, ја доби наградата за најдобар филм во категоријата среднометражни филмови, на годинешното десетто издание на меѓународниот филмски фестивал во Приштина „Прифест“. Филмот претходно го освои гран прито за најдобар среднометражен филм и на 23-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ненси.

„Еклер“ е приказна за синот на готвачката во Маршаловата вила, кој по десет години конечно добива шанса да ја вкуси забранетата храна. Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.