Филмот „Вера сонува за морето“ влезе во официјална селекција на престижниот филмски фестивал од А-категорија, Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, каде што ќе ја има и својата меѓународна премиера.
Филмскиот фестивал во Венеција, „Мостра“, е најстариот филмски фестивал во светот, кој се одржува секоја година во Венеција, во почетокот на септември, а по 21 година, Македонија повторно ќе биде дел од овој фестивал.
Долгометражниот игран филм „Вера сонува за морето“ е копродукција помеѓу „Дрим фектори“ од Македонија, како копродуценти се потпишуваат Огнен Антов, Стојан Вујичиќ, од Косово „Истра креатив фектори“ (продуцент Шкумбрин Истрефи) и од Албанија „Пападимитри филм“ (копродуцент Дионис Пападимитри).

„Вера сонува за морето“ ја раскажува приказната за Вера, преведувачка на знаковен јазик, која по самоубиството сопругот, реномираниот судија Фатмир Гаши, се наоѓа во ситуација сама да преговара за иднината на нејзината ќерка и внука со традицијата и државата, во момент кога сите ги презираат жените како нив. Во филмот, главната улога е Вера, која ја игра актерката Теута Ајдини-Јегени, првенката на Албанскиот театар во Скопје. Во филмот играат и Рефет Абази, еден од најпознатите актери од Македонија, Алкета Силај, Астрит Кабаши и други.
Режисер на филмот е Калтрина Красниќи, сценариото е на Дорутина Баша, кинематографер е Севдије Кастрати, монтажер на филмот е Владимир Павловски, а снимател на звук е Игор Поповски. Композитор на филмот е Петрит Чеку, дизајнер на звук е Дарко Спасовски, а продуцент од Македонија е Огнен Антов.
„Дрим фектори“ е продукциска куќа основана од Огнен Антов, во 2007 година. Од последните остварувања на „Дрим фектори“ е играниот филм „Џган“, во режија на Вардан Тозија. Покрај финансиските средства добиени од Агенцијата за филм, препознавајќи ја младата Калтрина Красниќи како дел од новиот млад филмски бран, филмскиот проект „Вера сонува за морето“ главна поддршка доби од Филмскиот центар на Косово и дополнително од Филмскиот центар на Албанија.