Лора Стирман е ирска сликарка, која живее и работи во Даблин како илустраторка. Таа е вљубеничка во една многу оригинална форма на уметност – претворање ултразвучни скенови во шарени слики. Благодарение на нејзиниот талент, идните мајки имаат шанса да зачуваат еден многу посебен спомен од фазата на својата бременост. Отпрвин Лора почнала да ги „овековечува“ сопствените екографии за време на бременоста, со намера овој специфичен период да го направи пократок и поподнослив. Меѓутоа, набргу сфатила дека екографите како медицински слики може да бидат непресушен извор на инспирација за уметнички креации.