Вечерва, со почеток во 19.30 часот, во „Киното култура“, премиерно ќе бидат претставени две танцови продукции. Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ во рамките на проектот „Што е кореографија?“ има цел преку дводневен настан во „Киното култура“ да ги претстави „Дрим Стејт“ на кореографот Валентино Апостоловски, и „Мунлајт“ во кореографија на Александар Георгиев и на Дарио Барето Дамас од Шпанија.

Реализацијата на проектот „Што е кореографија“ е поддржана од Министерството за култура и од општината Центар. Проектот е куриран од Биљана Тануровска-Ќулавковски, асистент-кураторка на проектот е Елена Ристеска, проект-менаџерка е Виолета Качакова.