Фото: Зоран Антоски

Вечерва во уметничкиот салон од Центарот за култура во Кичево, со своја самостојна изложба се претстави М-р Шќипе Мехмети, ликовен уметник, вработена во Националната Галерија во Скопје. На изложбата беа претставени 15 ликовни творби во голем формат, изработени последните неколку години и месеци.

– Делата со кои вечерва се претставив се изработени последните неколку години, а дел од нив се изработени годинава година и за првпат се промовирани во мојот роден град. Овој опус кој вечерва го гледатее со работен насловен „Фрагменти“, со други зборови, тоа што го гледам во природата пејсажите, претставуваат фрагменти од тие импресии, што ги гледам околу себе. Делата од оваа изложба создадени се во техника акрил на платно и со лепење на песок и камчиња. Овие слики ќе бидат претставени и во други градови во земјава и за тоа дополнително ќе одлучам. Инаку, поради нивниот формат се потешки за транспорт и затоа јас претежно работам графика, бидејќи тие дела се помали и лесни за транспорт- истакна Шќипе Мехмети, уметница која досега има организирано 23 самостојни и над 100 групни изложби во земјава и во странство. Накоро следи нејзино претставување во Париз.

Инаку, на оваа изложба беа присутни голем број на посетители, а завиден број од нив беа граѓани кои работат во Западна Европа и САД.