Многу е тешко, па дури и неблагодарно, да се пишува за него како обичен човек, кој постигнал нешто во текот на животот, пренесува порталот „10 нај“. Архитектурата, науката, биологијата, анатомијата, механиката, сликарството, скулптурата, астрономијата, литературата и маѓепството се само некои од областите со кои се занимавал овој генијалец. Тој имал идеја за тоа како треба да изгледа подморницата, автомобилот, резервоарот, фетусот во матката, внатрешните органи и така натаму.

Вдахнува живот на познатата Лиза дел Џокондо, која во светот е позната како Мона Лиза, ја демистифицирал „Тајната вечера“, цртежот на Витруанецот – симбол на симетријата на човечкото тело.

Со сигурност можеме да кажеме дека цртежот на Витруанецот на Леонардо е едно од најпознатите цртежи на сите времиња. Ги открива идеалните пропорции на човечкото тело, идеално претставени со раката на виртуозот, кој несвесно го создал она што денешниот свет го нарекува „Закон за пропорција“. Покрај цртежот, има детален опис, напишан со перо и црно мастило. Цртежот на Витруанецот се смета за уметничко и научно дело.

Дневникот на неговите откритија има неверојатни 6.000 страници. Во него има планови и прикази на разни машини и уреди што биле далеку пред неговото време, кои во неговиот ум и имагинација функционирале.

Леонардо да Винчи својот 67-годишен живот го завршил со зборовите „ги навредив бога и човештвото, затоа што мојата работа не го достигна потребниот квалитет“.

„Дамата со хермелин“ е ремек-дело на овој вонвременски уметник, насликана во масло на дрво, на крајот на 15-от век. Се верува дека на сликата е прикажана младата 15-годишна Чечилија Галерани, младата љубовници на миланскиот војвода Лудовико Сфорца.