Во Скопје се снима македонскиот долгометражен игран филм „Лена и Владимир“, според сценарио од Александар Русјаков, во режија на Игор Алексов, чиј директор на фотографија е Душан Кардалевски. Снимањето започна во паркот „Сарај“, кој се смета за главна локација, каде што и се случува големиот дел од дејството на филмот, а ќе се снима вкупно 4 недели во градот и околината.

„Лена и Владимир“ е проект поддржан и финансиран од Агенцијата за филм на Р. Македонија, во продукција на „Минд продукција“ – Скопје. Како продуценти се јавуваат Дејан Илиев и Илија Циривири. Главните улоги ги толкуваат актерите Тони Наумовски и Сара Климоска, а другите: Петар Мирчевски, Петар Арсовски, Благоја Чоревски,Кирил Коруновски, Луран Ахмети, Дениз Абдула и други.