Како единствен претставник од Македонија, КУД „Рацин“ Кичево, учествуваше на дванаесеттиот Меѓународен фолклорен фестивал во Цетиње, Црна Гора, каде зедоа учество фолклорни друштва од 8 европски земји, и каде покрај фолклорните вредности на земјите, беше промовирана и презентирана храна од  самите учесници на фестивалот.

– За прв пат КУД „Рацин“ Кичево, како единствен претставник од Македонија, учествуваше на дванаесетиот Меѓународен фолклорен фестивал во Цетиње, на кој зедоа учество фоолклорни ансамбли од Македонија, Полска, Хрватска, Бугарија, Украина, Белорусија, Турција и од земјата домаќин Црна Гора. Нашето учество на овој фестивал, покрај трите целовечерни настапи кои беа посетени од голем број гледачи, беше збогатено и со промоција и презентација на производи и храна од нашиот регион и од Македонија – истакна  Мирјана Божиноска ВД директор на Центарот за култура од Кичево, под чија закрила работи и КУД „Рацин“. З.А.