Вечерва, со почеток во 19.19 часот, во „Салонот 19.19“ на Културно-информативниот центар, ќе се одржи манифестацијата „Креативни точки 2019“. Истата таа се организира по петти пат за поттикнување соработка помеѓу уметностите, пред сѐ помеѓу литературата и музиката. Поканети се млади писатели и музичари учесници до 35 години, кои ѝ го привлекле вниманието на публиката со своето творештво. Традиционално ќе учествува женскиот младински хор „Менада“ од Тетово под раководство на Ивица Зориќ, а најавени се и 10 млади писатели (поети, прозаисти, драмски автори) и студенти од Факултетот за драмски уметности од класата на Зоја Бузалковска.