Сликата на Дејвид Хокни, која беше нарачана за операта во Ковент Гарден во 1970-тите години, е дел од планот од четири точки што беше предвиден за да се одржи функционалноста на оваа институција за време на пандемијата. Отпуштањата се неизбежни и се очекуваат и големи донации. На сликата е прикажан сер Дејвид Вебстер како седи во профил, пред масичка од стакло и вазна со розови лалиња. Вебстер ја водеше Кралската опера во периодот помеѓу 1945 и 1970 година и играше клучна улога во основањето на компаниите за Кралскиот балет и Кралската опера во Ковент Гарден. На Хокни му било побарано да го наслика неговиот портрет, кој во последните години беше изложен на локацијата на Ковент Гарден, откако тој се повлече од функцијата во 1970-тите.

Сликата беше прва од ретките нарачки што ги заврши Хокни. Тој не прифатил друга нарачка дури ни три децении подоцна, сѐ додека не ги насликал сер Џорџ и лејди Мери Кристи од Глиндебурн за Националната галерија за портрети.
– Знаевме дека мора да разгледаме со какви средства располагаме. И навистина само едно нешто навистина се истакнува, а тоа е овој портрет. Доколку можеме да останеме одржливи и да преминеме преку сево ова, тогаш би можеле да се вратиме на вработувањето луѓе во иднина – вели сегашниот директор Алекс Беард.
Ова е омилениот период од работата на Хокни за Катарин Арнолд, кодиректорката за повоената и современа европска уметност на аукциската куќа „Кристис“.

– Исто како и добро познатиот портрет на „Господин и г-ѓа Кларк и Перси“, и на овој портрет Хокни посветил многу време и многу внимание на деталите – вели таа.
Според Арнолд, постои голем меѓународен интерес за колекционерство на дела од Хокни, а неговите портрети од 1970-тите, од неговата натуралистичка фаза, се меѓу најпосакуваните.
– Го сакам начинот на кој Хокни ја променува својата техника со текот на годините, но повеќето луѓе ќе се согласат дека ова е врвот на неговата практика. Сега, моја работа е да го направам најдоброто за портретот и за операта што многу луѓе ја сакаат – вели таа.