Кооперација.мк (kooperacija.mk) е нова платформа за споделување на ставови, авторски текстови и слики. Идејата на Кооперација.мк е да им даде платформа на авторите, преку која ќе може да допрат до поширока публика, а на читателите да им понуди квалитетна содржина на едно место.

На веб-платформата секојдневно може да се најде нова содржина, која ја креираат дваесетина автори. Секој член има свој профил, кој самостојно го уредува, без уредништво, цензура или насоки за содржината и стилот.

Уредничката улога на Кооперација е во изборот на нејзините членови, кој не е случаен. Тимот на автори е составен од луѓе со различни стилови на креирање и сфери на интерес, за да се понуди побогата и поразновидна содржина за посетителите на платформата.
Платформата нуди едноставен начин на креирање и уредување постови и нуди многу можности за постирање, текстуални постови, слики, видеа, линкови од надворешни страни, вградување на постови од социјални мрежи, квизови и анкети. Целиот процес се одвива во неколку добро објаснети чекори. Интерактивноста со читателите е врз основа на гласање за постови, реакции, коментари.