Низ европските градови денеска со разновидна програма ќе се одбележи 200 годишнината од раѓањето на Клара Шуман, мајсторот на пијаното која во периодот на романтизмот настапувала заедно со Фредерик Шопен, Франц Лист, а имала и импресивно композиторско творештво. Во рамки на овој јубилеен проект насловен „Музички вечери“ , вечерва во Салонот 19.19, во Културно – информативниот центар во Скопје со почеток во 19.30 часот концерт ќе одржат македонските музички уметници: Катерина Гелебешева Костадиновска- пијано, Сања Шуплевска Боирал- виолина, Глигор Гелебешев- пијано, Александра Коцевска- мецосопран, Колос Цури-пијано, Драган Гоневски- виолончело. Тие за прв пат во Македонија ќе ги изведат композициите од Клара Шуман: Балада опус 6 број 4, Романса број 1 за виолина и пијано, ,,Oбајцата се љубеа“ и „Лорелај“, Ноктурно опус 6 број 2 од ,,Музички вечери“ и Анданте од Пијано трио опус 17. Продуцент на проектот е Весна Малјановска. К.Б.