Вечерва со почеток во 19 часот, во Музејот на традиционалните вкусови и храна во
Кавадарци, во организација на ЗМП „Вива ла музика“, концерт ќе одржи Урош Дојчиновиќ, гитарист, композтор, музиколог, педагог и публицист од Република Србија.

Урош Дојчиновиќ (1959) студирал класична гитара и книжевност во Белград, дипломирал на Музичката академија во Загреб, а потоа завршил постдипломски
студии, одбранувајќи два докторати на интердисциплинарни музички теми на Филолошки и Филозовски факултет во Белград.

Неговата активност опфаќа повеќе од 3.500 настапи остварени ширум светот, голем број радио и телевизиски емисии, стотина стручни предавања, семинари и мајсторски работилници. Има објавено повеќе од 600 стручни трудови и снимил повеќе од 60 дскографски изданија во Европа, Америка и Азија. За високо уметничко делување награден е со повеќе од 50 медали плакети,дипломи и други признанија во земјата и во светот. Ми.М.