Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ душата на Македонија, симболот
на македонската култура и уметност, ќе одржи целовечерен концерт вечерва од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Публиката ќе има можност да присуствува на убаво музичко доживување,
бидејќи ансамблот Танец, како амбасадор на македонскиот фолклор ќе се претстави со
извонредна програма, преку која ќе го долови македонскиот фолклор, традиција и
култура.

-Традицијата и фолклорот претставуваат најдобро чувана тајна која како свеќа
не води во тунелот на времето – велат од Танец.

Ансамблот е формиран во мај 1949 година со указ од тогашната влада. Целта на
формирањето на ансамблот претставувала насушна потреба за формирање на
институција од овој вид која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот
фолкор.

За успехот на „Танец” говорат бројните добиени награди и признанија, а има
учествувано на над 4.500 концерти и подиумиво земјата и во светот пред околу осум
милиони гледачи.

Ка.М.