Kонцерт на кој ќе настапат Сандра Митровска – сопран и Дамјан Попоски – тенор, во соработка со пијанистот Јанинка Невчева, ќе се одржи вечерва од 19.00 часот во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп според сите протоколи за заштита од корона вирусот. На програмата се дела од Пучини, Штраус, Чилеа, Вагнер, Чајковски, Лехар.
Сопранот Сандра Митровска завршува Музичка академија во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска. Своето доусовршување го продолжува под менторство на познатиот тенор и педагог Стојан Стојанов Ганчев во неговото оперско студио во Загреб. Настапувала на гала оперски концерти, на Скопско лето, Есенски музички свечености….на 60-тиот и 70-тиот јубилеј на Македонската опера во улогата на Сантуца во операта “Кавалетија Рустикана”, солист била на Божикниот концерт на Македонската филхармонија, како и ораториумот „Создавање на светот” во улогата на Ева, а одржувала рецитал со Марјан Николовски. Посетува мастерклас во камерното студио на КМС Оливера Миљаковиќ, работи со диригентот Даниел Молес и Драгана Молес на нивниот мастер клас. Во 2010 година ја води класата по пеење како замена на проф. Искра Трпева-Арсовски во средното музичко уцилисте „Илија Николовски”-Луј. Добитник е на повеќе награди.
Дамјан Попоски дипломира во Њујорк во класата на проф. Мињон Дан. Ги продолжува студиите работејќи со врвни имиња од оперскиот свет: Ширли Верет, Грациела Араја, Џована Канети, Пјер Миранда Фераро, Ниел Розеншаин. и пее на семинари водени од ПитерМарк, Енза Ферари, Карло Бергонзи, Вирџиниа Зеани, Ворен Џоунс…. Како дел од ЕПЦАСО. Во МОБ дебитира во улогата на Малком во „Магбет “. Освен во Македонија, настапува и во Америка, Канада, Италија, Германија и Грција.
Соработникот Јанинка Невчева ги завршила студиите на ФМУ во Скопје во класата на проф. Борис Романов. Од 2000 до 2005 престојува во Париз, каде се усовршува во камерната музика и соло репертоар за пијано. Во 2006 година го основа музичкиот отсек на Детски свет, а од 2012 работи со деца од претшколска возраст. Од 2008 година работи во НОБ и настапувала низ земјава, Италија, Франциа, Бугарија, Турција, Германија.

Ка.М.