По 10 години пауза, „Проект Жлуст“ ќе одржи концерт в среда, 27 номеври, од 21 часот во „Котур кафе и филм“.

Ќе настапи со композициите на Иван Бејков и Џијан Емин, кои се спој на џез, македонскиот и балканскиот фолклор, звуците на класичната европска традиција, во еден романтичарски манир.

Специјален гостин е музичкиот уметник од Франција, Оливје Самуилан, кој беше дел од првата постава на бендот, кој важеше за еден од највлијателните состави и кој зад себе остави многубројни незаборавни концерти и неколку исклучителни изданија.