Концерт на „Квартет Труби“ ќе се одржи вечерва од 20 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на ФМУ Скопје, Бојан Митрески, Васко Рошков, Гоце Цоневски и Стојанче Косовски, од кои двајца се магистри по труба.

На програмата се композиции од повеќе светски автори, меѓу кои Верди, Норман,
Гершвин, Лунцефорд…

Концертот е поддржан од Министерството за култура со цел промоција на
трубата како инструмент меѓу младите прилепчани. Ка.М.