Целовечерен концерт на пијано, со дела од Дебиси, Рахмањинов, Равел, вечерва од
19 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе одржат пијанистките Билјана Димовска и Татјана Божиновска.

Дуото пијано во состав Билјана Димовска – Татјана Божиновска делува повеќе години и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Прилеп, Охрид, Скопје, Штип, Гевгелија, и на
фестивалите: „Интерфест”- Битола, „Битфест” – Битола, „Златна лира”- Скопје, „Прилепско културно лето” – Прилеп, „Музички моменти” – Гевгелија. Во 2013 година го снимаат и своето прво ЦД.

Пијанистиката Билјана Димовска во 2000 година дипломира, а во 2003 година и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на професор Тодор Светиев. Има настапувано на повеќе значајни манифестации, со Македонската филхармонија, како и на семинари.

Пијанистката Татјана Божиновска во 2002 год. дипломира, а во 2005 година магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек пијано, во класата на професор Тодор Светиев. Во 2014 година ги завршува и Докторски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје, под менторство на проф. м-р Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски. Има одржано повеќе концерти и рецитали во земјата и во странство, а настапила како солист и со Македонската филхармонија и со Битолскиот
камерен оркестар. Ка.М.