Со онлајн концерт на ансамблот за современа музика „Хоризонте“ од Германија се заокружува годинашната програма на „Денови на македонска музика“. Концертот ќе може да се проследи утревечер со почеток од 20 часот, на јутјуб-каналот на Сојузот на композитори на Македонија. На програмата на концертот се дела од: Кирил Македонски, Михаило Трандафиловски, Јана Андреевска, Јорг Петер Митман, Мортон Фелдман, Макс Е. Келер и Ќером Комбие.
Ансамблот „Хоризонте“ ѝ е добро познат на македонската публика и е еден од ретките што континуирано изведуваат дела од македонски автори и надвор од рамките на фестивалот ДММ.
Концертот е финансиран и поддржан од Министерство за култура, Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка – Скопје и институтот „Гете“.