Националната опера и балет Ви најавува Вердиевата „Травијата“ со концертна изведба на 16 и 18 декември со почеток во 20 часот. Диригент е Иван Еминовиќ.

Со врвна солистичка екипа во улогата на Виолета Валери настапуваат Нада Талевска Спасовска (16.12) и Ана Дурловски (18.12), Алфред Жермон е Благој Нацоски, Жорж Жермон е Ристе Велков (16.12) и Борис Трајанов (18.12), Александра Василевска Лазаревски (16.12), Марика Поповиќ (18.12), Дејан Стоев, Драган Ампов, Борко Биџовски, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.