Во галериjата на КИЦ на Македонија во Софиja е отворена изложбата „Концепти за урбани пејзажи“ на Катерина Деспот и Васка Сандева. Уметниците се претставуваат со дваесетина ликовни дела, создадени во различни ликовни техники.

Колажот е избран како специјално изразно средство во пејзажните композиции на двете авторки. Пејзажот е претставен како неразделен сегмент на живеење на урбаната градска средина и како битен фактор на животната средина, амбиент што плени во многу сегменти од секојдневието.

Катерина Деспот завршува индустриски дизајн (2001) во Националната ликовна академија во Софија, Бугарија. Васка Сандева завршува специјалност пејзажна архитектура (2005) на Факултетот за екологија и пејзажна архитектура во Софија.