Управата за заштита на културното наследство и здружението ,,Македонида“ ја организираат меѓународната конференција ,,Валоризација на црквата ’Свети Ѓорѓи’ во Курбиново од 12 век како културно наследство од посебно значење на патеката за културно наследство во 2018 година“.

Во фокус на конференцијата се црквата „Св. Ѓорѓи“ од Курбиново, нејзиното значење, конзервација, но и ревитализација во насока на развојот на верскиот туризам. Конференцијата е финансиски поддржана од Делегацијата на Европската Унија во Македонија во рамките на Европската година на културното наследство 2018-та.

На свеченото отворање се обрати и Панче Велков, претседател на ,,Македонида“, кое е домаќин и на иницијативата „Факел на културното наследство“, меѓу водечките настани на европско ниво годинава и има цел да ја издигне свеста за значењето на богатото верско наследство на Европа. Отворена е и изложбата на фотографии „Свети места“.