Франција би можела да ги надомести своите финансиски загуби како резултат на пандемијата со продажба на „Мона Лиза“, предлага Стефан Дистингин, основачот на технолошката компанија „Фаберновел“, кој истакнува дека Франција треба „да го продаде семејниот накит“ за најмалку 50 милијарди евра.
– Секојдневно ги пребројуваме милијардите проголтани од оваа криза како деца што бројат фрлени камења во бунарот за да ја измерат неговата длабочина. Сè уште броиме и оваа криза се чини ненадминлива. Како претприемач и даночен обврзник, знам дека овие милијарди не се измислени и дека тие многу ќе нè чинат.

Очигледен рефлекс е да се продаде вредно средство по највисока можна цена, но она што е најмалку критично за нашата иднина – изјави Дистингин за списанието „Усбек и Рика“.
Според него, сликата е лесна за поместување и затоа е лесно да се предаде.
– А имаме многу слики. Во 2020 година мора да ги добиеме парите. Затоа, продајте го семејниот накит. Цената е суштината на материјата и главниот предмет на контроверзии. Цената треба да биде луда за операцијата да има смисла. Проценувам дека ќе се заработат околу 50 милијарди евра со „Мона Лиза“. Ми кажаа дека мојата процена е превисока, но без вистински аргументи – вели тој.

Дистингин исто така сугерираше дека „Мона Лиза“ може да се продаде во форма на криптовалута, што би овозможило сликата лесно да се разменува.
– Тоа би било како голема глобална претплата. Правно и технички, ова решение ќе има многу предности: ќе им овозможи на Франција и „Лувр“ да ја задржат контролата врз сликата. Можам да замислам дека овој потег би бил одобрен и од големиот Леонардо да Винчи, оној што сликал, но и ги совладал сите науки и технологии од своето време – вели Дистингин.

Во 2019 година „Лувр“ почна со работа на програма за виртуелна реалност што ќе им овозможи на посетителите да ја доживеат „Мона Лиза“ на Да Винчи одблизу, но подалеку од толпата туристи во светски познатата галерија. Сликата, исто така, беше прогласена како најразочарувачка светска туристичка атракција во април 2019 година, според истражувањето спроведено од клиентите на „Изиџет“.