Младинскиот културен центар објави конкурс за млади уметници за самостојна или групна изложба која ќе се реализира во втората половина на 2019 година.

Целта е да се промовираат млади ликовни автори, а право на учество имаат сите заинтересирани на возраст до 35 години. Кандидатите ќе ги избира комисија формирана од МКЦ и Град Скопје.

Конкурсот трае до 1 мај. Пријавите треба да се пратат на [email protected] со назнака: Конкурс за самостојна или групна изложба заедно со куса биографија, фотографии од делата (линк до профили на Инстаграм, Фејсбук или на интернет-страници на кои тие се претставени).

Планирани се осум изложби логистички поддржани од МКЦ, за кои ќе биде отпечатен и каталог. Средствата за проектот се обезбедени од Град Скопје.