Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат Конкурс за оригиналнo прoзно дело за тинејџерска возраст. Пријавените прозни дела може да бидат во жанрот на роман, новела или збирка раскази, да имаат наративна форма, најмалку 50 страници, да бидат наменети за тинејџерска возраст, напишани на македонски јазик и досега да не биле објавувани.
– Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, досетливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив – велат од детскиот културен центар „Карпош“.
Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до (10 април 2021) на следната е-адреса: [email protected], со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за тинејџерска возраст.

За наградата ќе одлучува тричлена стручна комисија. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 10 јуни. Tричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде публикувано.
– Целта на овој конкурс е да се поттикне продукцијата на литература за деца и млади од оваа возраст – велат од детскиот културен центар „Карпош“, културно-образовна институција со долгогодишна традиција што го организира и осмислува слободното време на децата во воспитно-образовна и творечка работа, како во духот на македонската традиција така и во следење на новите светски достигнувања во установите од овој тип.