Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје под покровителство на Град Скопје и оваа година ќе организира книжевно-поетска работилница. Целна група на работилницата се млади лица до 35 години со или без искуство во книжевното творештво.

Целта на работилницата е продлабочено запознавање со филозофските, естетските и културните традиции кои ја обликувале западната книжевност и развивање на креативниот и интелектуалниот потенцијал на младите лица од средните училишта, студентите и на оние кои имаат афинитет кон пишаниот збор и креативното изразување.

Модератор и организатор на работилницата ќе биде Филип Клетников, поет, раскажувач, есеист и преведувач. За работилницата се предвидени по два термини неделно. Работилницата ќе трае три месеци, почнувајќи од 01 октомври 2018 година во 18.30 часот во просториите на Домот на градежниците. Работилницата вклучува креативни вежби, практично креативно изразување, дискусии, и евалуација на резултатите од креативниот труд. Најдобрите творби на учесниците ќе бидат објавени во Алманах за кој е предвидена и промоција.

Заинтересираните кандидати (со име, презиме, број на телефон) може да се пријават на следниов контакт: [email protected] до 28.09.2018 година.