За да ја подобри транспарентноста во своето работење како и да им овозможи на граѓанските здруженија, невладините организации и поединци блиски до културата, да предлагаат проекти од оваа област кои ќе бидат прифатени и финансирани со средства од локалната самоуправа, општината организира годишна средба.

Така во претходната календарска година од страна на општината биле финансирани 15 проекти.

– Нашата општина е една од ретките во земјава која на најтранспарентен начин сака да го прикаже целокупното работење од областа на културата и трошењето на средствата предвидени за оваа намена. Затоа ја организиравме денешната средба за да им овозможиме на граѓанските здруженија, невладините организации и поединци кои имаат идеја, да се вклучат во креирањето на програмата за оваа година, а сите проекти кои ќе бидат квалитетно и стручно изработени ќе бидат прифатени од нашата комисија, а потоа и од Советот на општината и истите целосно ќе бидат финансирани од наша страна. За оваа година за културните дејности се наменети 3 600 000 денари, плус средствата со кои располага и градоначалникот – потсети Ибраим Коча, претседател на комисијата за култура на Општина Кичево.

З.А.