Комедијата „Европјани“ во режија на Мирко Видоески, претстава на Драмското студио Тетово на 15 ноември ќе биде прикажана во Театар 78 во Белград. Во претсавата ќе се претставата актерите Гордана Георгиадис, Глигорије Стојановски, Игор Бачоски и Мирко Видоески.

Комедијата „Европјани“ претставува пресликување на актуелната политичка и општествена состојба во Србија, која воопшто не се разликува од онаа во Македонија, која Мирко Видоески и Игор Бачоски успеале сосема успешно да ја адаптираат на реалноста и сегашната состојба во Македонија. Во „Европјани“ се исмејува балканскиот менталитет преку драма, хумор, сатира, смеа и солзи.

Оваа современа, општествено-политички и социјално актуелна и динамична претстава љубителите на театарот во Србија ќе имаат можност да ја видат во изведба на Драмското студио Тетово, на 15 Ноември 2018 година во 19.30 часот на сцената на Театар 78 Белград, a во организација на МАКЕДОНИУМ – Здружение на Македонците во Белград.