Не дели само еден ден од до­де­лу­ва­ње­то на „оска­ри­те“и неизвесноста е голема. И по­крај го­ди­на­та обе­ле­жа­на со пан­де­ми­ја што е зад нас и го­ле­ми­те преч­ки во филм­ска­та ин­ду­стри­ја, по сѐ изг­ле­да де­ка кон­ку­рен­ци­ја­та за нај­го­ле­ма филм­ска на­гра­да е по­сил­на од ко­га би­ло. Стри­мингус­лу­ги­те се вра­ќа­ат во аре­на­та про­тив го­ле­ми­те сту­ди­ја, а Нетф­ликс зе­де ду­ри 35 но­ми­на­ции. Од нив, ду­ри 10 но­се­ше цр­но-бе­ли­от филм на Деј­вид Фин­чер, Манк. Во нај­важ­ни­те ка­те­го­рии, тој бе­ше но­ми­ни­ран за нај­до­бар филм, ре­жи­сер и за нај­до­бра актер­ка.

Се­га мно­гу­ми­на се пра­шу­ва­ат да­ли овој филм на кра­јот ќе би­де прог­ла­сен за нај­до­бар и нај­на­гра­ду­ван и кои злат­ни ста­ту­е­тки мо­же на­ви­сти­на да ги освои „Манк“.

При­каз­на­та е ре­мекде­ло­то Гра­ѓа­ни­нот Кејн“. Вле­гу­ва во 1940 го­ди­на и Хер­ман Ман­ки­е­вич се нат­пре­ва­ру­ва со вре­ме­то за да го за­вр­ши сце­на­ри­о­то за фил­мот, кој по­доц­на ќе се сме­та за ед­но од нај­важ­ни­те филм­ски ос­тва­ру­ва­ња до­се­га. При­ко­ван за кре­вет по­ра­ди со­о­бра­ќај­на не­сре­ќа, Ман­ки­е­вич има са­мо 60 де­на да го до­ве­де сце­на­ри­о­то до со­вр­шенс­тво, до­де­ка Ор­сон Велс ра­бо­ти на дру­ги про­е­кти. Ва­ка Деј­вид Фин­чер ја ­поч­ну­ва при­каз­на­та за соз­да­ва­ње­то на сце­на­ри­о­то за фил­мот Гра­ѓа­ни­нот Кејн.

Уло­га­та на Хер­ман Ман­ки­е­вич, ге­ни­јал­ни­от сце­на­рист и автор, ја игра Ге­ри Олд­ман. Тој е ци­ни­чен, ди­ре­ктен и ду­хо­вит, а не­го­ви­от проб­лем со ал­ко­хо­лот до­пол­ни­тел­но ги комп­ли­ци­ра пи­шу­ва­ње­то и не­го­во­то нор­мал­но функ­ци­о­ни­ра­ње. До­де­ка се оби­ду­ва да го за­вр­ши сце­на­ри­о­то, тој пи­шу­ва, пие и пу­ши цел ден, а не­го­ва под­др­шка е Ри­та Але­ксан­дар (Ли­ли Ко­линс), не­го­ва­та аси­стен­тка, ко­ја на­ед­но се гри­жи за не­го.

Фил­мот нѐ вра­ќа во 1930-ти­те го­ди­ни, ко­га Ман­ки­е­вич вле­гу­ва во кру­гот на лу­ѓе од ви­со­ка­та кла­са, ме­ѓу кои се изд­во­ју­ва Ви­ли­јам Рен­долф Харт (Чарлс Танц), го­лем ме­ди­ум­ски маг­нат во тоа вре­ме, кој го ко­ри­сти ка­ко инс­пи­ра­ци­ја за ли­кот на гра­ѓа­ни­нот Кејн.

Актер­ка­та што ги во­о­ду­ше­ви кри­ти­ча­ри­те во Манк е Аман­да Сеј­фрид. Таа по­втор­но е во фо­ку­сот, по не­кол­ку не мно­гу ус­пеш­ни про­е­кти, се­га е но­ми­ни­ра­на за нај­до­бра спо­ред­на жен­ска уло­га за, ка­ко што пи­шу­ва­ат ме­ди­у­ми­те, „уло­га­та на неј­зи­на­та ка­ри­е­ра“.

Ве­ро­јат­но нај­без­бед­ни­те ста­ту­е­тки ме­ѓу де­се­ти­на­та но­ми­на­ции на Манк се оние за ки­не­ма­то­гра­фи­ја, сце­но­гра­фи­ја, но и за ко­сти­мо­гра­фи­ја, шмин­ка и фри­зу­ра. Најм­но­гу за­тоа што Манк е ви­зу­ел­но пре­поз­нат­лив и пре­крас­но сни­мен филм и тоа е не­го­ва­та сил­на стра­на, за­ед­но со глав­ни­те ли­ко­ви и ин­те­рес­ни­от зап­лет.

Фин­чер со ова де­ло му од­да­де по­чит на ста­ри­от Хо­ли­вуд: од упо­тре­ба­та на цр­но-бе­ла­та филм­ска тех­ни­ка, ве­ро­до­стој­на­та ко­сти­мо­гра­фи­ја, ди­ја­ло­зи­те, му­зи­ка­та… И не са­мо по­врш­но ту­ку на­ви­сти­на гле­да­чот го но­си во тој пер­и­од. Иа­ко не е за се­ко­го, би­деј­ќи ба­ра ос­нов­но поз­на­ва­ње на при­каз­на­та што ни ја рас­ка­жу­ва, Манк е до­бар филм, сме­та­ат кри­ти­ча­ри­те.

Спо­ред нив, да не бе­ше тол­ку сил­на кон­ку­рен­ци­ја­та го­ди­на­ва, мо­же­би ќе три­ум­фи­ра­ше во не­кол­ку ка­те­го­рии.

Се­пак, шан­си­те Манк да би­де прог­ла­сен за нај­до­бар филм, по­крај „Но­мад­ленд“, „Ми­на­ри“ и „Про­ми­синг јанг во­мен, се ре­ла­тив­но ма­ли.

Но Деј­вид Фин­чер мо­же да освои „оскар“ за ре­жи­ја. Се во­ди ви­стин­ска тр­ка по­ме­ѓу не­го и Клои Жао (Но­мад­ленд). А што се од­не­су­ва за шан­си­те за „оскар“ за нај­до­бра ма­шка уло­га, иа­ко Ге­ри Олд­ман бри­ли­ра во из­вед­ба­та, по­крај Ен­то­ни Хоп­кинс и Чад­вик Бо­се­ман, исто та­ка не му пред­ви­ду­ва­ат ста­ту­е­тка.

Подготвил: Даниел Варбанов