Во првиот број на „Книжевни елементи“, новото книжевно списание чиј издавач е „Перун артис“ од Битола, се застапени македонски писатели од повеќе генерации: Михаил Ренџов, Раде Силјан, Ефтим Клетников, Васил Тоциновски, Ненад Јолдески, Исток Улчар, Стефан Марковски, Лилјана Пандева како и автори од 12 странски земји. Земја во фокусот во овој број е Србија со значајни и наградувани автори: Дејан Алексиќ, Милутин Ѓурковиќ, Ненад Шапоња, Оливера Јелкиќ и др. Списанието е со интернационален редакциски одбор, а Сашо Огненовски е главен уредник.