„Малиот принц“ е приказна која нè потсетува дека е многу потешко да си судиме себеси отколку да им судиме на другите. Ако успееме да се разбереме вистински, тогаш навистина сме личности со вистинска мудрост.

Нурнете во филозофска дискусија за љубовта, пријателството и животот.

„Малиот принц“ од Антоан де Сент-Егзипери е приказна што се пренесува од генерација на генерација откако е објавена, пред повеќе од 60 години. Оваа бајка е повеќе од книга за деца: „Малиот принц“ е лекција за животот.

„Малиот принц“ е безвременска приказна. Нè навраќа на детството, фантазијата и неизбежноста да се порасне. Пилотот во приказната ја губи нишката со детето во себе. Потребна е авионска несреќа, престој во пустина и време поминато со малиот принц за да повторно го пронајде детето во себе. Читајќи ја никогаш нема да почувствувате дека е пишувана за деца.

„Малиот принц“ содржи безброј животни лекции – ќе научите за љубовта и смеата, за соживување и дружење. Книга која морате да ја прочитате неколкупати во вашиот живот.

„Малиот принц“ нé учи за грижата кон другиот – самиот грижејќи се најдобро што може за својата сакана роза. Давајќи го своето време и трпение, учи како вистински да се грижи за неа. Времето потрошено за твојата роза е она што ја прави да биде значајна.

Ова оригинално издание, со промотивна цена од 100 денари ќе биде достапна во повеќе од 750 трафики низ целата земја, од 10 до 26 октомври. При купување на дневен печат, оваа книга промотивно ќе можете да ја купите за само 100 денари!