Клаудија Кардинале, светски познатата филмска актерка, ќе учествува на свеченото отворање на 39. интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (22-29 септември), кога и ќе ѝ биде врачена специјалната златна „камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Таа реализирала над 175 улоги во долгометражни филмови и краткометражни филмови и во телевизиски серии, а добитничка е на над 35 награди и признанија.

Натпреварувачкиот дел од годинешната фестивалска програма ќе го оценува стручно жири, предводено од Олимпија Митилинау, кинематограферка од Грција.