Првпат на програмата „МКЦ за Скопје“ на Младинскиот културен центар, од вечерва до 27 јули, во неговиот парк, под наслов „Кино на трева“, ќе бидат прикажани пет филма. Проекциите се бесплатни, а во организацијата е вклучено и киното „Милениум“. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе започне по полноќ. Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, а посетителите сами треба да си обезбедат столчиња или ќебе за седење. „Кино на трева“ започнува со „Студена војна“ во режија на Павел Павликовски, утре на програмата е „Догмен“ на Метео Гароне, а до 27 јули публиката ќе може под отворено небо да ги проследи проекциите на филмовите: „Лоро“ на Паоло Сорентино, „Ослободување на Скопје“ на Раде и Данило Шербеџија и „Граница“ на Али Абаси.