Вечерва, со почеток од 20 часот во населбите Драчево и Ченто во рамки на настанот „Кино на трева“ ќе се одржат бесплатни филмски проекции.

Во населба Драчево, кај Три Круши го гледаме филмот „The Whistlers“, во режија на Corneliu Porumboiu.

Синопсис: За Кристи, полицаец кој ги игра двете страни на законот, не е сѐ како што изгледа. Започнувајќи кражба со висок ризик со прекрасната Гилда, и двајцата треба да се справат со пресвртите на корупцијата, предавството и измамата.

Во населба Ченто, Дом на култура „11 октомври“ го гледаме филмот „Bye Bye Morons”, во режија на Albert Dupontel.

Синопсис: Тешко болна жена се обидува да го најде своето одамна изгубено дете со помош на маж среде „burnout“ и слеп архивист.

Влезот е слободен. Настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.