Првиот програмски термин на Филхармонијата е закажан за 15 јануари, со концертот „Прекрасниот пат на свилата Лон Шансинг“, за Кинеската нова година, со оркестарска изведба на традиционални кинески инструменти. Ќе гостува танцов театар од провинцијата Гансу. Солисти на концертот се Ксиао Жанг на ерху и Гуо Зији на суона. Концертот ќе се одржи во 18.30 часот.