„Јавна соба“, во соработка со режисерката Теа Беговска, организира кастинг за актери. Кастингот е наменет за невработени дипломирани актери од кои се бара да имаат вокално-музички способности.

Рокот за пријавување е 10 јануари, со испраќање име, презиме и возраст на [email protected], а деталите за подготовка за кастингот ќе бидат испратени по пријавите. Кастингот ќе се одржува на 12 јануари во 14 часот во „Јавна соба“.
Секој пријавен актер добива можност, до 15 минути, за презентација пред жири во однапред договорен термин.