Издавачката куќа „Паблишер“ неодамна го објави романот за деца и млади „Како во филм“ од Винко Модерндорфер. Ова е уште едно издание во рамките на едицијата „Калеидоскоп“, поддржана од проектот „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Зборувајќи за еден трауматичен период од животот на еден тинејџер во современите социјални услови на градот, романот претставува луцидна приказна за растењето во модерниот свет.