Во салонот на Националната опера и балет в петок ќе се одржи операта „Кавалерија рустикана“ Пјетро Маскањи, со концертна изведба, чиј почеток е закажан за 20 часот.

„Кавалерија рустикана“ е опера во еден чин, трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.

Диригент е Иван Еминовиќ, а настапуваат солистите Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска и Соња Пендовска Мадевска, како и хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба
предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.