„Театар комедија“ ги откажа претставите до 13 март, по одлуката на Владата за продолжување на препораката за откажување на сите јавни собири како превенција од коронавирусот.

– Во согласност со препораката на Владата донесена на ден 6 март за неодржување јавни настани до 13 март, НУ ‘Театар комедија’ ги одложува закажаните претстави во овој период. За продолжување со редовниот репертоар,’Театар комедија’ веќе утре дополнително ќе ја информира јавноста – соопштија од театарот.

Претходно, Македонскиот народен театар, Драмски театар – Скопје и Театарот за деца и младинци ги откажаа претставите до 13 март.