Во пресрет на вечерашното свеченото отворање на 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во Битола пристигна ѕвездата на годинашното издание, легендарната актерка Клаудија Кардинале.

Таа во Битола допатува со својата ќерка, а гостите ги пречекаа директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска и уметничкиот директор, Благоја Куновски – Доре.

Клаудија Кардинале вечерва ќе прошета по црвениот тепих до Центарот за култура, каде свечено ќе и биде врачена наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.

Во Битола синоќа пристигна и Роџер Дикинс, лауреатот на Златната камера 300 за животно дело, кој во Битола дојде со сопругата Изабела.