Филмот „Исцелител“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески минатата недела освои две значајни награди на два престижни меѓународни филмски фестивала – во Обањ, Франција, беше избран за најдобар филм во главната натпреварувачка конкуренција, а на фестивалот „Франкофилм“ во Рим доби специјална награда од жирито.

Со нив досега „Исцелител“ има освоено седум награди на фестивали. Претходно филмот беше награден и во Бергамо, Софија, Санта Барбара, Брисел и Солун.

– Од премиерата во ноември па досега „Исцелител“ учествуваше на 16 филмски фестивали и освои седум меѓународни награди, како и две награди во Македонија – „Златна бубамара“ и Признание за филм на годината од Факултети.мк. Филмот беше прикажан во Индија, Америка и во неколку европски земји. Освен освоените награди, со својот квалитет филмот го привлече виниманието на публиката и на светската филмска критика – соопшти продукцијата „Фрагмент филм“.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски, а во останатите се: Аксел Мехмет, Диме Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска… Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, а монтажер Мартин Иванов.