Повод за содржајниот разговор со нашиот автор се позитивните одгласи кон романот „Зад аголот“ во Србија. Преводот на нашиот роман, означен како „дело со исклучителна книжевна градба и завидна ерудиција“, неговиот српски издавач „Албатос плус“ го претстави лани на меѓународниот Саем на книгата во Белград.
Интервјуто со Томислав Османли насловено „Ова е време на сенки“, истакнатата српска книжевна критичарка и новинарка Анѓелка Цвијиќ го почнува со претставувањето на авторот и на неговиот роман: „Девет тека на приказната и близу педесет и пет лика се вкрстуваат и се соочуваат во романот ’Зад аголот’ на Томислав Османли, еден од најпознатите и најинтересни македонски писатели денес. Ова дело со исклучителна книжевна градба и завидна ерудиција го објави ’Албатрос плус’ во одличниот превод на Зоран Ж. Пауновиќ, кој на српски го преведе и претходното прозно остварување на Османли, ’Дваесет и првиот’ во издание на ’Дерета’, во 2015 година“.